Светското првенство во ракомет во Египет започнува во среда.
Чудно првенство во чудни околности поради коронавирус. Чешка одби да игра бидејќи има премногу заразени лица, а Шведска исто така е во огромен проблем, но сепак ќе игра.
Сепак, Швеѓаните останаа без девет стандардни ракометари и практично ќе играат со Б тимот.
Ги нема Никлас Егберг, Јаспен Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон. Сите изразија загриженост за сопственото здравје и не сакаа да заминат во Египет.
Покрај тоа, го нема голман Мајкл Апелгрин кој е повреден, додека Албин Лагергрен и Антон Линдски нема да бидат на располагање на тренерот поради коронавирус.
За потсетување токму Македонија е во група со Шведска, како и домаќинот Египет и селекцијата на Чиле.