Веројатно уште долго ќе трае дебатата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња, а во аргументите при изборот, нема да бидат земени предвид само освоените трофеи на турнирите.
Во анализите на оваа тема се вклучи и грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој го испофали Србинот, но според него, тој не е најдобар на сите времиња.
„Ако ги земеме предвид бројките, Ѓоковиќ е дефинитивно најдобар, руши рекорд по рекорд и се уште е гладен за трофеи, а нема за што да се докажува. Тоа е неговиот карактер, никогаш не е среќен, како сака одмазда.
Но, ако критериумот е кој најмногу го инспирирал светот и кој имал најголемо влијание, тоа дефинитивно е Федерер, со голема разлика. Мислам дека никој друг нема да може да му парира“, изјави Циципас.
Ѓоковиќ сезонава освои три од четирите Гренд слема и веќе има 24 на своето конто, два повеќе од Федерер и Надал.