Уште еден тежок удар за Реал: Се повреди Лука Модриќ!

Несреќите од почетокот на новата сезона никако да го заобиколат Реал Мадрид кој и по репрезентативната пауза се соочуваат со нови проблеми.

По враќањето од собирот на националниот тим на Хрватска, докторите на Реал утврдиле дека Лука Модриќ е повреден, има болки во адукторот и го очекува пауза од околу две недели. Тоа значи дека нема да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите, со Севиља во Ла Лига и најверојатно со Атлетико, исто така во домашното првенство.

Во досегашниот дел од сезоната тој одигра два натпревара и тоа против Селта во првото коло кога доби црвен картон и со Виљареал.