Уште еден тениски шок: Нема да се одржи Австралија Опен!?

Тукушто помисливме дека тенисот ќе продолжи по својот вообичаен тек и дека идната година ќе биде нормална за овој спорт, дојде нов шок.

Првиот Гренд слем во новата сезона што се одржува во Мелбурн многу веројатно ќе биде откажан, по примерот на Вимблдон оваа година. Причина за тоа е фактот што властите во земјата донесоа одлука за забрана за влез на странци напуштање на државата на австралиските жители до 2022 година.

Ова значи дека во Австралија нема да можат да влегуваат ниту спортисти од други земји, но ни тамошните нема да можат да излезат. Има и внатрешни ограничувања за движење, меѓу сојузните држави што дополнително го зголемува проблемот.

„Не може да се случи тенисер да биде заглавен во карантин 14 дена, а потоа да игра вака тежок турнир. Мораме да знаеме најдоцна за еден месец дали границите ќе се отворат и дали би можеле да го организираме Гренд слемот во повеќе градоци“, изјави претседателот на Тениската федерација на Австралија, Крег Тили.

Ако оваа забрана остане на сила, тоа ќе значи и дека Австралијците нема да учествуваат на Олимписките игри во Токио идното лето.