Уште еден тенисер му откажа на Ѓоковиќ: Нема да донирам

Уште еден тенисер се спротивстави на иницијативата на Новак Ѓоковиќ за да се собираат средства.

Првичните најави беа дека Ѓоковиќ и останатите 99 тенисер во топ100, ќе треба да донираат парични средства за донирање на послабо рангираните тенисери, на кои ќе треба да им се помогне, но сега „љубов“ им откажа и Матео Беретини.

„Го повикав Новак и му објаснив во каква ситуација сум. Му реков дека имам и други приоритети и дека планирам да помогнам на семејства кои се погодени од коронавирусот, семејства кои останале без работа од овој вирус“.

Италијанскиот тенисер потоа и го образложи својот потег да не донира со останатите тенисер.

Мое мислење е дека ни во еден професионален спорт натпреварувачите не треба да им помагаат на останатите колеги со пари. Тоа треба да го прават одговорните организации, АТП, ВТА и ИТФ, а не ние. Нивна е одговорноста да се грижат да не се создадат проблеми со кои се среќава овој спорт“, рече Беретини.

Претходно и Доминик Тим најави дека нема да има никаква донација во собирањето на пари за колегите.