Диего Марадона почина во средата во родната Аргентина, а три дена подоцна во јавноста излегоа податоци од истрагата, врзани за неговите последни часови.
Во таа истрага е една личност, онаа која се грижела состојбата на славниот фудбалер, а која е фатена во лага. Аргентинскиот Кларин пренесува дека болничарката која била ангажирана да се грижи за поранешниот фудбалски ас по неговата операција на главата, на приватната компанија за која работи и испратила извештај дека наутро „редовно го контролира Марадона“, но потоа во два освоени исказа на истражните органи им рекла дека тоа, сепак, не го сторила.
Во 6:30 наутро така го заменила својот колега кој, исто така, се грижел за Марадона кој и рекол дека Диего спие и дише нормално. Час подоцна болничарката Дајана Жизела слушнала дека Марадона се движи низ собата и оди до импровизираниот тоалет, но не сакала да влезе и да види како е „за да не го вознемирува“. Потоа навела дека во 8:30 часот исто така го оставила Марадона да се одмори, а во 9:20 тој одбил таа да провери какви му се виталните животните функции. Потоа го оставила до 11:55 кога дошле психолог и физиотерапевт на рутински, од претходно закажан преглед.
Ова значи дека од 6:30 часот Дајана не влегла во собата на Марадона иако морала да го направи тоа. Кога психијаторот и физиотерапевтот влегле во собата Марадона не бил при свест, тие неколку пати се обиделе да го реанимираат, но не успеале. Болничарката во 12:10 часот запишала деа пациентот нема пулс по што е повикана брза помош.