Уште еден „првоборец“ го напушти Голден Стејт

Голден Стејт загуби уште еден важен член од шампионската генерација. По заминувањето на Кевин Дурент и Андреа Игудала, сега Вориорс ги напушти и Шон Ливингстон.

Трикратниот шампион и универзалец кој во Оукленд го достигна врвот на НБА кариерата, по една од најтешките повреди во историјата на лигата (кинење на предни и задни лигаменти на коленото), ја напушти екипата на Стив Кер.

На Ливингстон му биле гарантирани два милиони долари на три сезони, а Голден Стејт со овој потег направи уште еден чекор кон подмладување на екипата и растеретување на франшизата и нивниот буџет.

Искусниот „Комбо“ настапуваше 5 години за Голден Стејт, а претходно играше и за Клиперс, Мајами, Оклахома, Вашингтон, Шарлот, Милвоки, Кливленд и Бруклин.