Уште еден напад: Виновен е единствено Ѓоковиќ!

Доминик Тим играше на турнирите од Адрија Тур, но и покрај тоа неговиот агент Хервиг Штрака смета дека само Новак Ѓоковиќ е виновен за ширењето на епидемијата со корона вирусот.

„Турнирот беше замислен како хуманитарен, но од почетокот тргна во лоша насока. Единствен кој е виновен е Новак Ѓоковиќ, тој беше креатор и реализатор. Ни Доминик, ни кој било друг не треба да се извинува. Тие учествуваа и се однесуваа така како што организаторот дозволи. Само Ѓоковиќ треба да се извини, никој друг. Инсистирав да се воведат мерки, на трибините да нема повеќе од 1000 луќе, да се држи дистанца, но ништо не беше уважено“, изјави Штрака.

Интересно е тоа што неговиот агент Доминик Тим призна дека тој и останатите тенисери се однесувале неодговорно, особено на забавите за време на турнирот.