Уругваецот Угарте од ПСЖ во Манчестер јунајтед за 50 милиони евра

Манчестер Јунајтед го договори со ПСЖ траnсферот на уругвајскиот играч од средниот ред, Мануел Угарте за 50 милиони евра. Во договорот, исто така, има клаузула за дополнителни 10 милиони евра како бонуси.

Овој потег на Јунајтед доаѓа во истовреме кга играчот од средниот ред, Шкотлаѓанецот, Скот Мектоминеј треба да се пресели во Наполи за 30 милиони евра.

Угарте (27) беше поврзуван со Јунајтед во текот на летото и сега е подготвен да потпише за клубот од „Олд Трафорд“, по само една година откако му се приклучи на ПСЖ од Спортинг Лисабон за 60 милиони евра.

Тој одигра 37 натпревари за тимот на Луис Енрике, вклучувајќи 25 во Лига 1 во која ПСЖ ја освои 12-та шампионска титула.

Британските медиуми пишуваат и дека ПСЖ, договорил 10 отсто од евентуалната следна продажба на Угарте.

Доколку трансферот се реализира како што се очекува, Угарте ќе биде петтото засилување на Јунајтед летово, за кои беа потрошени над 200 милиони евра. Јунајтед потроши околу 700 милиони евра на нови играчи откако Ерик тен Хег беше назначен за менаџер во 2022 година!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО