Урнебесна реакција на Клоп по средбата со Фергусон

Јирген Клоп уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите тренери на денешницата.

Сезонава ги освои Лига купот и ФА купот со Ливерпул, но остана без титулата англиски шампион, но тоа не засегна многу кога се во прашање индивидуалните награди.

Клоп синоќа беше прогласен за тренер на годината во англискиот фудбал, а трофејот му го врачи легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Сепак, средбата на Клоп со Фергусон беше посебна.

Легендарниот Фергусон му го предаде трофејот на Клоп и веднаш почна да се симнува од сцената, но германскиот стручњак го повлече за рака и побара да се фотографираат, а реакцијата беше урнебесна и многу брзо стана хит на социјалните мрежи.