Урнебесен гаф: Ливерпул продал погрешен играч!?

Рој Хоџсон е големо тренерско име на Островот и зад себе има импозантна кариера. 71-годишниот тренер водел тимови како Интер, Ливерпул, репрезентацијата на Англија, а сега е менаџер на Кристал Палас.

Меѓутоа, за своето кратко време во Ливерпул доведе играчи како Милан Јовановиќ и Џо Кол, но исто така беше „брилијантен“ и кога станува збор за излезните трансфери од „Енфилд Роуд“.

Така, тој за време на својот едногодишен престој на „Енфилд“ успеа да продаде погрешен играч и тоа тоа случајно!

Станува збор за шведскиот играч за врска Александар Качаниклиќ, кој во тој период беше дел од младиот тим на Ливерпул.

„Во својата глава ме помешал мене и некој друг играч Алекс, кој сакал да го замени за Кончески од Фулам. Така што кога веќе ги средив деталите со Фулам, Хоџсон ја виде грешката и ме повика на разговор.

Ми рече дека секогаш сум добредојден во Ливерпул, но јас одлучив да продолжам во Фулам. Веќе донесов одлука. Рој не не гледаше нас младите играчи, така што одлучив да си одам“, изјави „погрешниот“ Алекс.

Хоџсон набрзо го напушти славниот англиски клуб по серијата лоши резултати во јануари 2011 година, а на негово место дојде легендата на Ливерпул Кени Далглиш.

Што се однесува до Качаниклиќ, Швеѓанецот се врати во својата земја и моментално настапува за Хамарби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА го „удри“ Фенербахче – дали може овој момент да го стопира трансферот на Елмас во Наполи?

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба