Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба

Барселона се уште го составува тимот за следната сезона во која има највисоки амбиции.

Наводно на Валверде му недостасува само еден играч со цел составот да биде комплетиран, а секако станува збор за Нејмар.

Секако, постојат неколку проблеми околу доведувањето на Бразилецот, а најголем проблем претставуваат парите кои ПСЖ ги бараат за него.

Станува збор за сума од 200 милиони евра, па сега Барселона мора да продаде неколку играчи со цел да може да го реализира овој трансфер.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека управата на Барселона одобрила продажба на Кутињо и Ракитиќ со цел да заработат пари за Нејмар.

Во Барселона се надеваат дека можат да заработат околу 100 милиони за Бразилецот и уште околу 50 милиони за Ракитиќ.