Унгарија со пресврт го совлада Исланд и ја елиминираше Данска од ЕП!

По Франција, уште една ракометна велесила и еден од главните фаворити на ова ЕП е елиминирана прерано од Европското првенство.

Актуелниот светски и олимписки првак Данска го напушта континенталниот шампионат по групната фаза откако вечерва во рамките на третото коло репрезентацијата на Унгарија го совлада Исланд со 24:18, со што двете репрезентации се пласираат понатаму, а Данците морат да си одат дома.

На Унгарија и одговараше и бод против Исланд за да оди понатаму, но благодарение пред се на фантастичната игра во второто полувреме Унгарците ги победија Исланѓаните кои досега беа стопроцентни и од првото место одат во втората фаза, каде пренесуваат два бода.

Исланд исто така ќе оди во следната фаза, додека Данска е дефинитивно е елиминирана, а од претходно од оваа група испадна и репрезентацијата на Русија.

Данска и Русија вечерва од 20:30 го играат својот меч во третото коло, но сигурно ниту на едните ниту на другите не им се ни излага на теренот.

Треба да се напомене дека Унгарија до триумфот ја предводеше феноменалниот Баниди кој постигна дури осум погодоци. Помош имаше и од Бока и Шите кои дадоа по четири гола. Кај Исланд подобри од останатите беа Палмарсон и Сигурдсон со по четири погодоци.