Ултиматум за Мурињо – се гледа неговиот крај!?

Португалскиот стручњак на клупата на Тотенхем мора да освои девет бода во следните три кола за да ја задржи својата позиција.

За него тоа не е толку важно бидејќи во случај на отказ ќе добие отштета од 40 милиони фунти, но важно е за неговата кариера бидејќи е јасно дека во случај на неуспех, тоа ќе значи крај за него кога станува збор за елитните клубови. Во следните три кола Тотенхем гостува кај Барнли, Фулам и Кристал Палас и од овие три меча зависи дали Тотенхем ќе остане во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Англиските медиуми тврдат дека веќе се знаат кандидатите за негов наследник. На прво место е Роџерс од Лестер, а најголема желба на управата е Јулијан Нагелсман од Лајпциг кој претходно го одби Челси, а и не сака да го напушти сегашниот клуб пред крајот на сезоната.