Украина ќе ја пречека Македонија на неутрален терен – објавено е на кој стадион ќе се игра мечот

По нерешниот резултат на Македонија во Скопје против Италија, следен предизвик го имаме во октомври, кога ќе треба да и гостуваме на Украина.

Практично тоа нема да биде гостување, туку неутрален терен, а Украинците веќе објавија каде и на кој стадион ќе ја пречекаат нашата репрезентација.

Станува збор за Прага, мечот ќе се игра на 14 октомври со почеток од 15 часот.

Натпреварот ќе се игра на арената „Епет“, односно главниот стадион на фудбалскиот клуб Спарта Прага, кој се наоѓа во областа Летна и кој може да прими без малку 20.000 гледачи.