Украдени компјутери на швајцарските тренери: „Не се изгубени доверливи податоци“?

На швајцарските тренери им биле украдени преносните компјутери во Дизелдорф, но за среќа во нив не биле податоците или информациите за нивниот следен натпревар во оснинафилето на ЕП против Италија.

Но видео аналитиката околу подготовката и обработката на податоци, како и тактичките информации за тренерите не биле украдени бидејќи биле во швајцарскиот базен камп во Штутгарт, изјави портпаролот на тимот, потврдувајќи дека се украдени три лаптопи.

– Ниту еден чувствителен податок или информација за претстојниот натпревар против Италија не е изгубен, изјави портпаролот.

Швајцарија се пласира во осминафиналето на шестиот последователен голем турнир и ќе игра против Италија во сабота во Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО