УЕФА под притисок – мора да докаже дека не ја „украла“ идејата за новото издание на Лигата на Шампиони

Европската фудбалска федерација УЕФА ќе мора пред суд да докаже дека не ја присвоила идејата за новиот формат на Лигата на шампиони.

Чилеанскиот консултант Леандро Шара, преку својата компанија *MatchVision*, поднесе тужба со тврдење дека токму тој ја развил концепцијата на новиот систем – без класични групи и со повеќе натпревари меѓу различни ривали, што УЕФА го воведува од оваа сезона.

Шара бара признание за авторство и финансиски надомест, уверувајќи дека уште пред неколку години му ја презентирал идејата на претставници на европската куќа на фудбалот.

Од УЕФА категорично негираат дека направиле плагијат, нагласувајќи дека реформата на натпреварувањето се подготвувала долго време и дека форматот е резултат на заеднички труд на повеќе експерти и клубови.

Случајот ќе добие судски епилог во наредните месеци, а во зависност од исходот, можно е да следуваат и финансиски последици за европската федерација.

Новата Лига на шампиони стартува со ревидиран систем на натпревари и ветува повеќе дерби средби и поголема неизвесност, но сега и со правна сенка врз нејзиниот почеток.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО