УЕФА отвори истрага по повод инцидентот кој се случи на натпреварот ПСВ – Севилја, на кој навивач влета на терен и го нападна голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ.
Голманот на Севилја беше нападнат во финишот од средбата, но брзо потоа реагираше и како вистински полицаец, го совлада напаѓачот, па тој беше отстанет.
„Навивачот ме туркаше назад, беше лут поради резултатот, луд или пијан сигурно. Но ќе премолчам она што реков дека сакам да му го направам. Ако некој ме нападне, ќе се бранам нормално. ПСВ е голем клуб, но сигурно овој навивач ќе биде казнет“, порача Дмитровиќ.
УЕФА најави интерна истрага во редовите на ПСВ и во соработка со клубот, ќе го откријат идентитетот на напаѓачот и тој веројатно соодветно ќе биде казнет.