УЕФА го „удри“ Фенербахче – дали може овој момент да го стопира трансферот на Елмас во Наполи?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Фенербахче со забрана за регистранција на нови играчи, поради неисплатени финансиски обврски.

Од УЕФА денеска потврдија дека Фенербахче е к азнет со забрана на регистрација на нови играчи на две сезони, а казната се однесува од сезоната 2019/20.

„Фенербахче не ги исполни условите за договор и поднесување на финансиските обврски во склад со буџетот предвиден за 2018 година“, стоеше во соопштението на Фенербахче.

Клубот нема да може да регистрира играчи во следните две сезони, а ова е момент кој може да биде клучен и на евентуалниот трансфер на Елиф Елмас во Наполи.