УЕФА ги објави условите и бројот на гледачи за Суперкупот на Европа

Европската фудбалска унија (УЕФА), денеска соопшти дека на натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу победникот во Лигата на шампионите, Челзи, и освојувачот на Лигата на Европа, Виљареал, кој ќе се одигра на стадионот во Белфаст ќе можат да присуствуваат до 13.000 навивачи.

Мечот ќе се игра на „Виндзор Парк“, а навивачите за влезници ќе мораат да се пријават до 2 август, додека при влегувањето на стадионот ќе мораат да покажат негативен ПЦР или брз негативен тест за коронавирус.

Натпреварот меѓу европскиот првак и освојувачот на второто по квалитет европско натпреварување се игра на 11 август од 21 часот во главниот град на Северна Ирска.