УЕФА донесе несекојдневна одлука за ЕП: Тоа ќе важи и за Македонија

УЕФА го потврди новитетот за претстојното Европско првенство. Сите репрезентации учесници на ова ЕП, ќе можат со својот репрезентативен табор да однесат по 26 фудбалери, наместо по 23 како досега што беше пракса.

Зад таа одлука стои ситуацијата со Ковид19 процесот кој владее во светски рамки.

Математиките се јасни, сите репрезентации, вклучително и Македонија со селекторот Ангеловски, ќе имаат на располагање 23 фудбалери, плус тројца кои ќе бидат во резерва и ќе ја чекаат својата шанса.

Тоа ќе биде така, првенствено и пред се поради тоа што може да се појават изолирани случаи на Ковид19 кај играчите, па тие места веднаш да бидат пополнети.

Секој селектор учесник на ЕП, својот список на репрезентативци (23+3), ќе треба да го пријави најдоцна до 1ви јуни, десетина дена пред почетокот на ЕП.