Убиен еден од лидерите на навивачката група „Гробари“

Вечерва во Белград е убиен кик-боксерот Љубомир Марковиќ Кича и поранешен водач на навивачката група „Алкатраз“ која е под закрила на навивачката група Гробари Партизан, од Белград.

Како што известуваат медиумите кај нашиот северен сосед, во населбата Врачар вечерва е застрелан Љубомир Марковиќ Кича, еде од лидерите на навивачката група Алкатраз.

Според информациите тој е убиен со шест куршуми, кои завршиле во неговото тело, а се претпоставува дека позадината на овој грозоморен чин е пресметка на балканското подземје.

Инаку, Марковиќ беше осуден на 30 години затвор поради смртта на францускиот државјанин Брис Татон.