Убедлив пораз за Пелистер и во реваншот со Винтертур

Екипата на Пелистер доживеа нов убедлив пораз против Винтертур, овојпат во реванш натпреварот на домашен терен во рамките на ЕХФ Купот.

Швајцарците славеа со убедливи 21:33 и се пласираше во следната фаза. Нивното место таму воопшто не беше доведено во прашање со оглед на тоа дека во првиот меч славеа со огромни 39:16, па овој меч со Пелистер беше само рутинско одработување на задачата.

Гостите уште во првото полувреме дојдоа до убедливо водство од 19:12 и практично го решија натпреварот, а во второто полувреме нивната предност само се зголемуваше за рутинирана победа од 21:33.

Димитровски постигна седум гола и беше најефикасен кај Пелистер, додека кај Винтертур се истакна Радовановиќ со осум, како и Пекаро со шест гола.