Убедлив пораз за битолчани во вториот меч, Магдебург пресилен за Еурофарм Пелистер

Во рамките на реванш осминафиналето од Лигата на Европа, екипата на Еурофарм Пелистер забележа нов пораз, откако во Германија загуби со убедливи 35:24 од екипата на Магдебург.

Германците го решија прашањето околу патникот во четвртфиналето уште на првиот натпревар во Битола кој им припадна со 24:32, но битолчани се надеваа дека ќе се прикажат во подобро светло на ревашнот на гостински терен, но тоа важеше само во првата половина од првото полувреме, кога се уште резултатски беа во игра за поволен резултат. По ова, играчите на Магдебург се разлетаа на теренот и нивната предност од минута во минута растеше.

На полувремето Магдебург замина со убедлива предност од 14:9 и веќе беше јасен исходот на вечерашниот натпревар, за на крај бундеслигашот да слави убедливо над Еурофарм Пелистер со 35:24. Германската екипа оди во четвртфиналето откако во осминафиналето слави со вкупни 67:48 и во голем стил се пласира меѓу осумте најдобри.

Најефикасен во победничката екипа беше Клуге, а кај Еурофарм Пелистер најмногу се истакна Стипе Мандалиниќ кој исто така постигна седум погодоци. Штајнерт и Маџоски постигнаа по пет.