Убедлив пораз од Русија на ЕП, македонската репрезентација ќе се бори за опстанок

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија по одличните настапи во групната фаза доживеа тежок и убедлив пораз од Русија со 70:45, со што не успеа да обезбеди место меѓу најдобрите селекции на Европското првенство од А дивизија.

Наместо место меѓу најдобрите, Македонија по убедливиот пораз од Русија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место, а последните три екипи се селат во Б дивизија. Прв противник на нашата репрезентација ќе биде Босна и Херцеговина, а со победа ќе обезбедиме опстанок, но во случај на пораз потребни се две победи во преостанатите два меча.

Русија не надигра во секоја смисла, шутот воопшто не им одеше од рака на избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ, а беа и целосно инфериорни во скок-играта која беше нашиот најсилен адут на претходните средби. Русите имаа дури 20 скокови повеќе од нас, а реализацијата на нашите кошаркари беше катастрофални 17 од 72 обиди.

Во нашата репрезентација Андреј Митревски беше единствениот со двоцифрен учинок и мечот го заврши со 14 поени.