Убави вести: ОФМ ја доби довербата да биде еден од домаќините на ЕП 2023

Македонија ја доби честа да биде еден од домаќините кои ќе ги угости сите репрезентации на Европското првенство во одбојка во 2023 година.

Денеска веста беше објавена преку првиот човек во европската одбојка, Александар Борички, дека ЦЕВ ја прифатила апликацијата поднесена од Одбојкарската федерација на Македонија да биде еден од домаќините.

Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, порача Александар Боричиќ.

Тој исто така додаде:

Силно го поздравуваме лидерството на Одбојкарската федерација на Македонија предводена од Петар Јовановски за активното учество во европската конфедерација. Со помош на Владата, тие успеаја да ја направат Федерацијата пофункционална, да го зголемат капацитетот за организирање врвни настани и да овозможат подобри резултати за своите спортисти“.