Убавата „руска амбасадорка“ Викторија Лопирјова

533

Секое Светско првенство во фудбал има свои обележја, а претстојното во Русија има свои амбасадори, воглавно претставници од градовите каде и ќе се играат натпреварите. Така во овој избор се најде и поранешната мис на Русија од 2003 година Викторија Лопирјова.

Таа воедно е и манекенка и водителка на спортски (фудбалски) емисии, а доаѓа од Ростов на Дон.

Викторија го водеше ждребот за Купот на Конфедерации, а „Дејли Мејл“ ја прогласи и за најпривлечна навивачка.

Таа ќе навива за Русија, а неутралните навивачи на Мундијалот најверојатно ќе навиваат за Викторија пред се.