Убава вест за Вујовиќ: Вардар засилен го напаѓа Монпелје

Во рамки на 4. коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони, екипата на Вардар ќе го пречека денес тимот на Монпелје од Франција.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра денес во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20: 45 часот.

„Црвено-црните“ одлично ја отворија новата сезона и се уште не знаат за пораз во елитата, па со иста цел ќе влезат и во денешниот меч.

Добра вест за тренерот Веселин Вујовиќ е што во ростерот конечно се враќа хрватскиот бек Анте Кудуз кој досега беше надвор од стројот поради повреда.