Убава вест за сите љубители на Формула 1: Од новата сезона се враќа на старо

Новата сезона во Формула 1 ќе донесе неколку новини, а една од нив се саатницата за почетокот на трките на европско тло.

Од 2018 година, трките започнаа 10 минути по цел час и притоа еден час понапред, но рејтингот не се зголеми.

Трките обично започнуваа во 15:10 минути на европско тло, и како што стојат работите сега, оваа практика ќе стане минато.

Така, според досегашните најави, трките, барем онаа на европско тло, ќе започнуваат во 14 часот, како што се практикуваше многу години.

Новата сезона во Формула 1, како што стојат работите, ќе започне на крајот на март со трка во Бахреин.