Убав гест на Даглас Коста – во улога на хуманитарец во неговото маало

Пандемијата КОВИД19 донесе многу тешка ситуација и неизвесност кај сиромаштијата, а фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста, реши да помогне на оние кои се најсиромашни.

Бразилецот одлучи со неговата мајка и девојката да одат во шопинг, да купат доволни намирници за преживување и да ги делат на сиромашните.

Тој го наполнил до врв својот автомобил, а потоа им помогнал на сите кои неможат во ова време невреме да купат храна.

И покрај цела оваа збрка, уште е поголема желбата да им се помогне на оние кои неможат да си овозможат нешто повеќе“, порача 29 годшниот Даглас Коста.