Уапсен човекот кој го управуваше дронот со знамето на „Голема Албанија“ пред неколку години

Албанската полиција го уапси во Драч, Исмаил Морина, познат како човекот кој управуваше со дронот кој го носеше знамето на голема Албанија на мечот Србија – Албанија пред неколку години.

Ова покрена лавина реакции и насилство на споменатиот натпревар во квалификациите за ЕП помеѓу овие две земји во 2014 година.

Инаку, апсењето на Морина следеше откако судот во Драч ја укина одлуката на судот во Тирана, која требаше да биде само условна казна.

Според пишувањата на сите албански кредибилни медиуми, се поврзува со вечерашното финале во конферелнциската лига која се игра во Тирана.

Да потсетиме, албанската полиција во 2015 година го уапси Морина во центарот на Тирана поради поседување на нелегално оружје. Меѓутоа, албанскиота врховен суд го ослободи од притвор по три месеци и му одреди само куќен притвор. Морина подоцна повторно беше уапсен во 2018 година во Дубровник.