ТВИТ НА ДЕНОТ: Кинез јаде лилјак – Македонија оди на Светско првенство!

Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи контунитетот на настапи на големите натпреварувања иако до вчера беше неизвесно дали ќе настапи на претстојниот Мундијал.

Информацијата дека Чешка се откажува беше примен со еуфорија во земјава, а бидејќи сме познати по сеирот, веднаш почнаа досетки на оваа тема.

Меѓу најинтересните е онаа дека, конечно, Македонија профитирала за нешто од корона вирусот кој тотално го парализира цел свет последната година.