Тутоспорт пишува за мега трампа меѓу Барса и Интер: Гризман ќе биде „жртвено јагне?“

Антоан Гризман е играчот кој пристигна во Барселона минатото лето, но веќе следното можеби ќе биде жртва на новиот поредок во тимот на каталонците.

Веќе извесен период се шпекулира со евентуалното доаѓање на Лаутаро Мартиез од Интер, а во еден таков распоред во таборот на Барселона, логично е да се размислува дека Гризман може да биде жртвата на таков расплет.

Мартинез во својот договор со Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра, што не би требало да бидат проблем за Барселона.

Тутоспорт денеска пишува дека Барселона е подготвена на Интер да им понуди неколку играчи, со цел да ја намалат цената на Мартинез, за да немаат проблеми со финансискиот фер плеј, поради кој Сити вчера си доби двосезонска суспензија.

Барселона на ум за тој расплет ги имала Карлес Ален, Артур Видал, Филипе Кутињо и Жан Клер Тодибо, меѓутоа Тутоспорт пишува дека Интер има потполно други планови.

Наводно Интер во замена за Мартинез имале намера да го побараат Антоан Гризман, доколку играчот се согласи на таков трампа трансфер.