Тутомеркато тврди дека има ексклузива во случајот Ратклиф и Манчестер Јунајтед

Во англискиот медиумски простор во моментов нема конкретни информации околу продажбата на Манчестер Јунајтед, но затоа со ударни вести излегоа од Тутомеркатовеб.

Италијанскиот медиум пишува дека Џим Ратклиф е блиску до тоа да ги задоволи апетитите на семејството Глејзер, за потенцијално купување на Манчестер Јунајтед.

Пред извесен период постоеше информација дека тој понудил 2,7 милијарди фунти за откуп на целокупниот пакет акции во Јунајтед, додека последните информации од Англија беа дека Глејзери го проценуваат клубот на 4,2 до 4,5 милијарди фунти.

Тутомеркато пишува дека има евентуално понуда од 4+ милијарди фунти, нешто кое било задоволително за Глејзери, па работата одела во добар правец за Јунајтед конечно да биде продаден.

Истиот медиум тврди дека наскоро ќе има повторно информации и дека преговорите меѓу Ратклиф и Јунајтед биле во напредни преговори.