Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва е поразен во „Спортскиот центар Борис Трајковски“, од надмоќната селекција на Турција со 3:1 во сетови.
Турците го добија првиот сет, па нашите одбојкари возвратија во вториот и дојдоа до егал. Но во третиот и четврти сет, Турција демонстрираше квалитет и ја однесе победата.
Ова за нашата репрезентација е прв пораз во групата Ц од квалификационата фаза за ЕП.
Веќе утре македонските одбојкари имаат шанса да се вратат од поразот и против Босна и Херцеговина да впишат победа и со тоа да ги задржиме шансите за потенцијален пласман на ЕП.