(ВИДЕО) Турски боксер на Бајрам брутално ја убил девојката, па објави твит на Твитер

Турција, а и целиот свет е во шок по она што го направил турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу.

Тој за време на неделниот појадок на првиот ден од Рамазан Бајрам со нож и насилнички ја нападнал неговата девојка на која и немало спас. Веднаш после тоа боксерот се обидел да се самоубие, но раните не биле толку опасни.

Причината за неговиот бес кој го навел на убиство првично се смета дека е љубомора. Имено девојката му соопштила за време на појадокот дека сака да ја прекине врската, а потоа боксерот го земал ножот за леб и силно и го забил во пределот на вратот.

Љувовната врска помеѓу 27-годишниот боксер и две години помладата Зејнеп траеле долго, а на социјалните мрежи се појави транскрипт од апликациајта „Whatsapp“ од кој може да се види дека несреќната девојка на една своја пријателка и напишала:

„Со Ахмет се е веќе јасно, не сме во врска веќе неколку месеци“.

Зејнеп е погребана во својот роден град покрај својот татко кој умрел пред три години.

„Уби два животи, очите ти се просветлени“ беше напишано на профилот на боксерот на Твитер по убиството, а полицијата брз го привела и го очекува судење.