Тухел знае со кој играч погреши при поразот од Вест Хем: Грешката е моја!

Челси ова коло беше поразен на гостувањето кај Вест Хем со 3:2; тој кикс најдобро го искористија нивните ривали горе на табелата, Сити и Ливерпул, кои со победите над Ватфорд и Волвс, го прескокнаа Челси на табелата.

„Сините“ на споменатиот натпревар иако имаа предност по првиот дел, сепак на крајот одиграа доста статично, Вест Хем ја презеде иницијативата и дојде до голема победа против градскиот ривал.

На крајот, Томас Тухел истакна дека погрешил со Ромелу Лукаку што го внесол во игра, а не бил подготвен за 45 минути.

Јас сум крив. Не мислам дека физички беше подготвен за 45 минути, но сепак, одлучив да го ставам во игра затоа што го загубивме Хаверц. Детали го одлучија овој натпревар“, истакна Тухел.

Челси денеска го очекува меч во ЛШ, гостуваат кај Зенит каде ќе им биде потребна победа за да го осигураат првото место во групата Х.