Тухел за инцидентот тврди дека го предизвикал Конте, овој се обиде да релативизира

Големото дерби помеѓу Челси и Тотенхем заврши нерешено, на скандалозен начин по поздравот на Антонио Конте и Томас Тухел.

Тие двајцата беа исклучени по последниот судиски свиреж, а виновно за тоа беше ракувањето на тренерите, кое се претвори во хаос.

Тухел по натпреварот рече дека Конте не го гледал во очи, а на тоа Италијанецот порача:

Проблемот е помеѓу нас двајца, не треба да е интересен за останатите. Но ајде да зборуваме за натпреварот, за фудбалот, а не за двајцата тренери. Тоа во иднина ќе се разјасни што се случи“, порача Антонио Конте.

Италијанецот истакна дека на моменти сметал дека тие биле подоминантната страна, но дека на крајот сепак се задоволни од бодот.