Тухел со интересен детал пред дербито: Се обидов да го ангажирам најдобриот играч на „ѓаволите“!

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, брилјира откако дојде во Манчестер Јунајтед минатиот јануари, но пред дербито на „Стемфорд Бриџ“, тренерот на Челси откри интересен детал поврзан со актуелниот играч на „црвените ѓаволи“.

Томас Тухел откри дека сакал да го ангажира Фернандеш во периодот кога го водеше ПСЖ.

Ваквото признание доаѓа пред денешното дерби на колото на „Стемфорд Бриџ“ од 17:30 часот.

Мојот прв спортски директор во Париз, Антеро Енрике, португалски спортски директор, го познаваше доволно добро Фернандеш. Се боревме да допреме што поблиску до него, да го донесеме во тимот. Јас бев свесен за не говиот квалитет, влегов во детали, го следев постојано, ги следев сите негови мечеви“.

Но очигледно, потоа тој реши да се пресеки во Манчестер Јунајтед. Ние сепак се обидовме да дојдеме до него, тој замина во друг правец. Сега е лошо за нас што мора да играме против него“, истакна Томас Тухел.

Јунајтед минатиот јануари официјално го потврди Фернандеш, во трансфер вреден 60 милиони евра.