Тухел му одговори на Невил: Кој е во паника?

Томас Тухел, менаџерот на тимот на Челзи, јасно ја бранеше политиката на клубот по критиките во медиумите.

Гери Невил, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, сега еден од стручните коментатори, изјави дека новиот сопственик Тод Боели се однесува како да „игра фудбалски менаџер“.

Челзи во петокот го потврди доаѓањето на Марко Kукурела за 62 милиони фунти, а пред него на Стемфорд Бриџ пристигнаа и Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали, Габриел Слонина и Карни Чуквуемека.

Невил исто така го окарактеризира како панично доведување играчи, но Тухел му одговори.

„Паника? Не, тоа би го опишал како супер напорна работа и учење на работа. Трансфер пазарот е една од најтешките работи што можете да ги направите кога доаѓате однадвор, но немам ништо друго освен комплименти и голема почит кон Тод. “, вели Тухел.

Тој додава дека новите сопственици максимално работат да обезбедат се што е потребно.