Тухел може да биде среќене – Абрамович подготви огромна сума на пари за засилувања

На германскиот стручњак Томас Тухел засега одлично му оди на клупата на Челси.

Неговиот ангажман наместо Френк Лампард се покажа како вистински потег бидејќи Сините играат навистина феноменален фудбал.

Тухел на располагање има исклучително добар тим. Тука има многу млади фудбалери, а следната сезона неколку нови имиња можат да пристигнат на „Стемфорд Бриџ“.

Сопственикот на клубот Роман Абрамович одвои 260 милиони евра за нови засилувања на Томас Тухел и сигурно е дека германскиот тренер ќе биде многу задоволен од оваа информација.

Челзи се поврзува со неколку фудбалери. Како прво, нивната желба е да го донесат Ерлинг Халанд и ќе видиме дали таа желба ќе биде исполнета на Тухел.

Сините се многу близу до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, играат одлично во Премиер лигата и ќе биде вистинско чудо ако го пропуштат пласманот во Лигата на шампионите.