Тухел доби зелено светло, Челзи тргнува по ѕвездата на Јувентус

Челзи подготвува нов голем трансфер, пренесува италијански „Калчомеркато“. Не е тајна дека Томас Тухел и раководството сакаат дополнително да го засилат тимот на европскиот првак со цел да можат долгорочно да се носат со конкуренцијата и во домашното првенство. Прва и најважна мета е ѕвездата на Јувентус и италијанската репрезентација, Федерико Кјеза.

Тухел не е задоволен од актуелната ситуација во нападот. Тимо Вернер не успеа да се наметне откако пристигна пред повеќе од една година, истото важи и за Хаким Зијеш, а повредата на Лукаку и другите играчи ја скратија ротацијата на „Сините“ во офанзивната линија.

За играчот наводно се интересира и Баерн Минхен, но управата на Челзи му дала зелено светло на Тухел да тргне во операција за негово доведување, а подготвени се да издвојат дури 100 милиони евра. Јувентус засега нема намера да го продаде 24-годишниот напаѓач, но веројатно не би можел да одбие така голема понуда.

На Кјеза на крајот од оваа сезона му завршува двегодишната позајмица по која Јувентус треба да го откупи за 40 милиони евра од Фиорентина.