Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, истакна дека оваа сезона за клубот кој го предводи ќе биде неуспешна.
Баерн Минхен претходното коло успеа да си ги одземе шансите за титулата, Борусија Дортмунд победи претпоследното коло и изби на чело од табелата, во последното коло со победа ќе ја завери титулата, а тоа ќе биде удар за клубот од Баварија.
„Тоа е наша грешка, наша одговорност кога киксиравме. Се разбира ќе се обидеме да останеме во игра до крајот, имаме обврска кон нашите навивачи. Ова нема да биде сезона во која сите ќе бидат задоволни во клубот. Без оглед како ќе се заврши сезоната, ова не е тоа на што настојуваме“, порача Тухел.
Тимот на Баерн Минхен беше елиминиран од Купот на Германија, потоа и во Лигата на шампионите, а сега се на чекор да ја загубат и лигата, што ќе го комплетира нивниот неуспех сезонава.