„Црвените ѓаволи“ сакат на долгорочен период да го „врзат“ Погба

Манчестер Јунајтед сака да го врзe францускиот репрезентативец Пол Погба на долгорочен договор.

Според островските медиуми, Јунајтед сака да потпише долгорочен договор со Погба, но нема намера да му понуди превисока плата за да не ја наруши структурата на платите во тимот.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ги зголемат приходите на Французинот, но во разумни граници при продолжување на договорот. Во моментов Погба заработува 270 000 фунти неделно.

Но, во исто време, клубот не е загрижен што договорот на Погби истекува во 2022 година и се подготвени да се разделат по истекот на истиот доколку заинтересираните страни не постигнат договор.

Да потсетиме, Погба ја започна својата сениорска кариера во Јунајтед за да замине во Јувентус во 2012 година од каде што се врати во Манчестер четири години подоцна.