Црни предвидувања за Федерер, или „ветер во грб“ за Ѓоковиќ и Надал

Некогашниот четврти тенисер во светот, Грег Руседски, се сомнева дека Роџер Федерер ќе може да се избори за нов Гренд Слем трофеј, со кој дополнително би ја зголемил предноста пред конкуренцијата.

Швајцарецот во четвртфиналето од УС ОПЕН, беше елиминиран од Григор Димитров, нешто кое придонесе за големо изненадување кај пошироката база на навивачи на белиот спорт.

Се гледа дека Роџер е уморен кога игра пет сетови, можеби тоа има и некоја врска со неговите години. Нема сомневање дека има талент, дека и понатаму сака да победува, но не сум сигурен дали тоа ќе може да го следи во континуитет. Кога ќе ги погледнете Ѓоковиќ и Надал, знаете дека тие се подготвени за пет сетови во низа“.

„Роџер има 38 години и понатаму игра на високо ниво, би сакал да го видам уште со некоја голема титула, но се сомневам во тоа. Се чини дека тешко ќе биде изводливо такво нешто, не сум сигурен дека може да им парира на Ѓоковиќ и Надал“, смета Руседски.