Црн ден за Реал и Барса, вакво нешто се нема случено 17 години!

Реал Мадрид и Барселона вчера во целост разочараа, па доживеаја порази од Кадиз, односно Гетафе.

Двата тима беа поразени со по 1:0 и со пораз го дочекуваат „Ел Класико“ кој е на програмата следниот викенд.

Токму тоа ги натера шпанските новинари да прочепкаат во архивите и да пронајдат податок дека цели 17 години не се случило двата најголеми шпански тима дад загубат пред „Ел Класико“.

Уште во 2003 година Реал Мадрид загуби од Реал Сосиедад, а Барселона од Депортиво Ла Коруња. Во „Ел Класико“ по ова резултатот беше 1:1, а стрелци беа легендарните Роналдо и Луис Енрике.

По пет одиграни мечеви во Ла Лига, Реал има 10 бода и е прв на табелата, додека Барса е дури деветта со седум бода, но и натпревар помалку.