Цонга раскажа дека зад елиминацијата на Надал од Ролан Гарос 2009 – постоела причина

Гледајки низ минатото, Рафа Надал демонстрираше со години доминација на Ролан Гарос, турнирот кој му е неколкупати освојувано.

Но во 2009 година, тој беше елиминиран од Робин Содерлинг, во меч во кој Надал важеше за фаворит, но беше елиминиран.

11 години по тој турнир, Вилфред Цонга откри дека зад тој пораз имало причина и тоа го раскажа во медиумите.

Рафаел никогаш нема да прозборува за тоа, но кога тој загуби од Содерлинг на турнирот во Париз 2009 година, сите знаевме дека е болен. Тој имаше проблеми цел ден со грлото и не се чувствуваше најдобро, но излезе на терен да игра, но беше поразен“, открива Цонга.

Верувале или не, статистиката на Надал на Ролан Гарос е толку брутална, што јасно покажува дека од 2005 година, кога Надал го забележа првиот триумф, односно трофеј на Ролан Гарос, до 2019 година, има само три елиминации низ годините, во 2009, 2015 и 2016 година.