Циципас во полуфинале, Надал пред елиминација

Стефанос Циципас е вториот полуфиналист на завршниот Мастерс во Лондон откако со 2-0 (6-3, 6-2) го совлада Александер Зверев.

Тоа значи дека на Рафаел Надал му е потребно чудо во последното коло, односно победа на Медведев против Зверев и негов триумф против Циципас за да го продолжи патот на овој турнир и да се надева на прва титула во кариерата во британската престолнина.

Сето тоа ќе има афект и врз конечниот пласман на крајот од сезоната бидејќи Новак Ѓоковиќ му е жесток опонент на Надал и само чека негов кикс.