Циципас се пласира во полуфиналето, по си посака една желба: Да ја видам убавицата на трибини

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, со победата над Јиржи Лехечка (6:3, 7:6, 6:4), успеа да се избори за полуфинале на гренд слем турнирот во Мелбурн.

Тој по натпреварот го изрази задоволството од својата форма и истакна дека посакува финале во кое ќе ужива, но истакна и дека сака во неговиот следен меч на трибини да ја види неговата омилена актерка, која по потекло е од Австралија, Маргот Роби.

Маргот Роби е мојата најомилена актерка на сите времиња, знам дека е со потекло од Австралија, би било убаво да ја видам на трибини“, порача Циципас.

На тоа Џими Куриер го праша: „Дали ти официјално ја каниш Роби на натпревар, а одговорот на Циципас беше „дефинитивно да“.

Циципас ја потврди одличната форма на овој турнир и навести дека овде е фаворит, заедно со Новак Ѓоковиќ.