Циципас сака трајно да го „елиминира“ Надал од Ролан Гарос

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, сподели интересна реплика на социјалната мрежа Твитер со дел од неговите фанови и тоа прилично покрена лавина реакции.

На прашање од негов навивач, доколку може да „блокира“ некој засекогаш од некаде, кој би бил тоа, Циципас даде доста интересен коментар.

Би го „блокирал“ Рафаел Надал од Ролан Гарос“, порача Циципас, алудирајки на големата доминација сите овие години во кои Надал освојуваше многу трофеи.

Шега или не, сепак, таквиот став на грчкиот тенисер става до знаење колку само конкуренцијата е очајна со фактот дека Надал е апсолутен владетел во Париз со години и дека посакуваат тој веќе да оди во пензија.

Кралот на земјата, како што популарно го нарекуваат, дури 13 пати го освојуваше Париз во последните деценија и половина.